„Простувањето е Божествена особина“
Прошката често се прима како добро дело, како знак на милосрдие и дар кон ближниот. Но, проштевањето е добро дело најпрвин кон самите себе. Човекот што проштева на самиот себе си дарува слобода и здравје на душата. Да се живее проштевајќи, тоа значи да се живее во прошка од Бога: без непријателство и злоба, со непомрачена совест, со благодарност кон Бога и луѓето.