Пишувам денес, 11 септември, на празникот на св. Јован Претеча. Вчера вечер ревносно отслуживме Вечерна во еден параклис. Бевме само два-тројца мажи и неколку жени. Утрово служевме Литургија, и повторно – само неколкумина верници. Продавниците надвор беа отворени, сите работеа како да не се празнува најголемиот светител во нашата вера. А вистински пееме: „Споменот на праведникот се празнува со песни пофални, но сведоштвото од Господа ти е доволно, о Претечо…“.
Со добри слова и почит некогаш православните го славеа Претечата, а сега е доволно сведоштвото Господово. Ова сведоштво ќе остане во вековите, без разлика дали луѓето ќе го празнуваат или не, ќе се сеќаваат на него или ќе го заборават. А сведоштвото е ова: дека св. Јован Крстител е „најголем меѓу родените од жена“ според самите Христови зборови. Токму затоа нашата Црква пропишала неговата икона да е веднаш до иконата Христова на иконосасот во секоја православна црква…
Немаме време да прославиме еден ваков светител? Но, затоа имаме време да славиме и празнуваме со храна и пиење, исто како Ирод, и тоа во време кога нашите ближни се гладни. Токму на една таква прослава и пострадал Претечата, како што на сите нам ни е познато…
Фотис Кондоглу
Извор: http://pravoslavie.mk.
Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/zaboraveniot-pretecha/ .