25 август / 07 септември 2016 лето Господово
Како родителите да му всадат на своето дете љубов кон книгите?
Се покажува дека доста значајна улога во тоа има читањето на глас. Ова го потврдува анкетата спроведена од страна на индиските истражувачи врз повеќе од 1750 родители и деца од различна возраст. Стана јасно дека меѓу децата и малолетниците на возраст од 6 до 17 години, почесто читале оние на коишто родителите им читале на глас 5 – 7 пати во неделата. Треба да се истакне дека на 85 % од децата им се допаѓало кога им читале на глас. Практиката на читање на глас помага да се збогати фондот на зборови и го развива говорот на децата, тврдат специјалистите.
Исто така треба да се напомне дека читањето треба да му предизвика задоволство на детето, а тоа е во тесна врска со неговиот интерес за некаква конкретна книга. Така, се покажа дека децата почесто читале кога можеле сами да си одбираат книги. Во текот на анкетата 86 % од децата на возраст од 6 – 17 години признале дека нивните омилени книги им се оние кои тие сами си ги избрале и дека би читале и повеќе доколку им се дозволи и понатаму да одбираат книги по свој вкус.
Притоа, на децата обично им се допаѓале книги кои ги поттикнувале на смеа, ги учеле на нешто ново, ги разгорувале нивните мечти или едноставно раскажувале за хероите на коишто тие сакале да се уподобат. Исто така ги интересирале детективски романи и реални животни приказни.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир