Кога Господ Исус Христос умираше на Крстот, Он и во смртните маки се трудеше да им биде од корист на луѓето. Не мислејќи за себе, туку за луѓето, Он издивнувајќи изрече една од најголемите поуки што воопшто му ги дал на човечкиот род. Тоа е науката за простувањето. Оче, прости им, зашто не знаат што прават! Никогаш од ниту едно губилиште до тогаш не се чул таков збор. Напротив, оние кои до тогаш гинеле на губилиштата, без разлика дали биле прави или виновни, ги призивале боговите и луѓето за освета. „Освети ме“, тоа е зборот кој до Христа ...
Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2017 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која е надградена со тропари и кондаци за сите поголеми празници.
Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот крст сака да учествува и во големата тајна на Христовото воскресение, тој простува. Вистинското простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил; кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил
„Издигни го достоинството на Црквата, чесен крсту, понижи ја еретичката горделивост со твојата сила и развесели го соборот на православните. Удостој не сите нас да излеземе пред тебе и да се поклониме на подножјето Христово, зашто со тебе се фалиме, дрво благословено.“
Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено...
Од својата дванаесетта година страдав од опседнатост. Животот ми беше вистинско мачење. После чинот на истерување на демонот се чувствував како да сум претепан. Тогаш мојот духовник одлучи да служи бдение во првата сабота од Великиот пост во 1995 година во Суроти (женски манастир во близина на Солун, каде што е погребан старец Пајсиј).
Не е тоа главното, туку друго: да го соединиме воздржувањето од храна со воздржувањето од штетното за душата и да пројавиме големо усрдие во духовните работи! Кој пости, треба да биде покаен, смирен, кроток, тивок, да ја презира славата на земниот живот! Кој ги презрел задоволствата на животот, тој е должен да ја презре и суетата на славата и
Пoвeќeтo тeшки маки штo eдeн чoвeк ќe гo снајдат имаат свoја причина, пoзната или нeпoзната, вo нeгoвoтo минатo. Причинитe, пак, на тиe тeшки маки, да рeчeмe какo бeзумиeтo, нe сe другo туку пoврeдувањe на мoралниoт Бoжји закoн
Светите Оци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме“. Кога таа ќе почне сама да се твори, без твојата волја,тогаш тоа е неверојатна, боженствена сила. Чувствуваш неискажана радост. Се ти е омилено, се ти е добро, се ти е свето. Тоа е Боженствена благодат која се дава, не зависи од нашата волја, желба;
Слава Ти, Боже наш, слава Ти.
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрините, Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
Гревот е, пред сѐ, духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и за кој е природно, т.е. по својата природа, повикан.
Овие топли и мили очи се на великиот руски старец (Архимандрит) Кирил (Павлов) кој почина вчера, на 20 февруари 2017 година.
Тој е еден од најпочитуваните Старци во Русија во наше време. Со текот на изминативе многу години, архимандрит Кирил имаше висока и одговорна служба како духовник во манастирот Света Троица-Сергиева Лавра
Но, милоста Божја е неизмерна. Љубовта распната на Крстот за секој од Адам до последниот роден од жена (без разлика на нашиот избор кон Крстот – прифаќање или отфрлање) е надвор од секој човечки збор и ангелска благовест. Љубовта Негова е во тоа што ќе има Воскресение, а какво ќе биде, сепак, повторно нам ни остава
Што ќе правам во оној час кога ќе бидам заобиколен од моите познати, кои, кога ќе ме видат во таква лоша состојба, ќе се разбегаат од мене; тие ме сметале за блажен, зашто не гледале дека сум преполн со беззаконија и нечистотија и не знаеле дека сум Го заборавил Господа, Кој ги испитува срцата и утробата. – Таму е вистинскиот и жален срам;
Со своите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разорување и обесветување на сѐ. Нашето младо поколение денес најмногу страда и пати поради тоа што, ние, постарите, му предаваме и му оставаме во наследство едно заболено „општество“, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безнадежност. архимандрит Георгиј Капсанис
Нe грижeтe сe какo или штo ќe збoруватe... бидeјќи Духoт на вашиoт
Oтeц ќe гoвoри вo вас (Мт. 10:1920).
Oва сe збoрoви на Oнoј Кoј знаe сè и Кoј oбјавил на свeтoт знаeњe штo никoј прeд
Нeгoвата пoсeта нe гo знаeл.
Сo кoлкава слава на нeбoтo сe удoстoил св. Симeoн Бoгoпримeц, кoј Гo држeл Спаситeлoт на свeтoт вo свoитe рацe, јаснo пoкажува oвoј случај, раскажан вo житиeтo на св. Пeтар Атoнски (12. јуни). Какo вoјвoда Пeтар вo eдна битка бил зарoбeн, oкoван и фрлeн вo затвoр вo нeкoј град Самара на брeгoт на рeката Eуфрат. Тeмнувајќи дoлгo...
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.