н.Горно Нерези, 9-ти август, лето Господово 2017- манастирска црква на св.Пантелејмон
Во деветата недела по Педесетница кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославуваше споменот на Свети Климент, архиепископ Охридски; Светиот великомаченик Пантелејмон, презвитер Бобан Митевскиво сослужение на ѓаконите Антонио Апостолоски и Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Отецот во текот на литургијата произнесе празнична беседа.
„Што се маките и страдањата во овој свет во споредба на страдањата на мачениците за верата...Тогаш ќе видиме колку не треба да роптаме, колку не треба да говориме против страдањата што ни се допуштаат за нашето воздигнување,утврдување и нашето спасение.“
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2017