Митрополит Тимотеј: „По повод големиот Јубилеј 50 години од одржувањето на Третиот Црковно-народен собор
Св. Кипријан Картагински вели: „Каде што е епископот таму е и Црквата". Оваа доктрина е развивана во долгата дваесетвековна традиција на Христовата црква. Но, истата се дополнува, односно, каде што е народот, возглавуван од својот архиереј, тоа е полната и вистинската Црква Христова, а глава на Црквата е Самиот Господ Исус Христос.