Ретроспектива (2005-2020): Игумен Никон (Воробјов)--НАДЕВАЈТЕ СЕ ВО БОГА, НО И САМИ ТРУДЕТЕ СЕ
А ние сите сме болни од душевните болести – гревовите. Едно треба да знаеме и да не заборавиме: во каква и да сме ситуација да не очајуваме. Очајанието кое води кон самоубиство, е смрт за душата. И во најтешките гревови, човек може да се покае и да добие проштевање. И најголемите очајни разбојници и душеубијци, не само што со искрено покајание добиле простување, туку и достигнале светост: Мојсеј Мурин, Варвар Разбојник (6 мај), Даниел и др. Преку нив Господ ни дава пример за да не очајуваме, како Јуда, но да му принесеме покајание и преку покајанието да се спасиме...