Архиерејска Литургија и положување камен темелник за нова црква
На 15.02.2016, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Архиерејска литургија во црквата Свети Архангел Михаил, во населба Автокоманда. По завршувањето на евхаристискиот собор беше положен камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Сретение Господово, во населба Железара.