И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Отец Серафим Роуз: Светоотечкото учење за болката на срцето
Светоотечкото учење за болката на срцето претставува едно од најважните учења за нашето време, во кое, интелектуалното знаење толку многу се пренагласува на сметка на правилниот душевен и духовен развој. Токму и првенствено поради недостаток на ова суштинско искуство, денес, многумина се бават со изучување на Светите Отци на дилетантен, тривијален и несериозен книшки начин. Без ова искуство човекот не може да го примени учењето на Светите Отци во својот сопствен живот.