Фотиј Кондоглу-Глупаво е да чекаш светлина од онаа страна, каде што заоѓа сонцето
Православните црковни уметности - тоа се богословски уметности. И делата, кои од нив се раѓаат, го пренесуваат низ себе словото Божјо.
Овие уметности ја изразуваат таинствената суштина на нашата вера и насочени се кон нашите сетила. Химнографијата и музиката - кон слухот, архитектурата, иконописот и другите уметности, кои го сочинуваат црковниот амбиент, одеждите и др. се обраќаат кон видот.