Арх. Рафаил Карелин: Молитвата – највозвишеното дело на човекот (II дел)
Обично луѓето кои немаат претстава за духовниот живот, сметаат дека одрекувањето од световните знаења задолжително води до интелектуална празнина, мрзливост на мислите и необразованост. А овде се случува нешто сосема друго: премин од пониското кон повозвишеното, од душевното кон духовното, од минливото кон вечното.