На 08.08.2016 година, Преп. мч-чка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Никола“ во с. Печково – Гостиварско, во сослужение на свештеници од Гостиварското намесништво. По литургијата беа благословени кумските лебови на жителите кои оваа година беа кумови на оваа голема црковно народна прослава. По литургијата беше организирана братско сестринска трпеза на љубовта. Истиот ден во храмот „Св. Никола“ Митрополитот изврши света тајна крштение над новороденчето Михаил.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија