Богојавление – Водици, Донибрук, Австралија (19.01.2015)
Во XXXII Недела по Педесетница, 19.01.2015, кога се слави споменот на Богојавление – Водици, во манастирот на Свети Прохор Пчински се отслужи Божествена Литургија на која верните се причестија со Светите Христови дарови. Оваа година крстот го фати Лука Здравевски на кого, игуменот Гаврил, му даде ланче со сребрен крст и библија за деца.