Свети Серафим Саровски :
17 July 2015 at 00:19
„ Молитвата, постот, бдението и сите останати христијански добродетели се добри сами по себе, но тие не ја дефинираат целта на нашиот христијански живот. Тие служат како неопходни средства за достигнување на таа цел. Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во здобивањето на Светиот Дух Божји.
Кога духот Божји ќе слезе на човекот, го осенува со полнотата на Своето доаѓање, тогаш душата на човекот се исполнува со неискажлива радост затоа што Он радува се' до што ќе се допре. Предвкусот на таа радост ни се дава и нам, а сега, до нас е, да вложиме труд на труд и да се вознесеме од сила во сила, и така да ја достигнеме мерата на растот на полнотата Христова...Нашата сегашна радост , која ни се јавува малку и краткотрајно, ќе се појави во својата полнота и никој нема да ни ја одземе...“
Друго:
Св.Серафим Саровски - ИСКУШЕНИЈАТА И ИСПИТУВАЊАТА ВО ШУМСКАТА САМОТИЈА