логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Tреба да се потпреме на молитвата и со неа да му се спортивставиме на злото

Живееме во време на апокалипсата и не мораш да бидеш пророк за тоа да ти биде јасно. Сѐ се случува толку брзо. Не знаеме што нѐ чека, тоа е јасно од ситуацијата што владее во светот. Затоа сега повеќе од кога било, треба да се потпреме на молитвата и со неа да му се спортивставиме на злото. Тоа е единственото решение. Да Му се молиме на Бога да се сожали на Своите созданија, иако не сме баш за жалење. Во спротивно, не ќе можеш да го фатиш крајот. Секој ќе го прави она што ќе му говори помислата дека треба да го прави. На тој начин ќе се исполни она што го прорекол свети Козма Етолски: „Со часови ќе одиш за да најдеш човек; а оние што ќе преживеат ќе јадат со златни лажици“. Некои луѓе помислуваат: „Каква корист имаме од молитвата кога ова пророштво, вака или онака, ќе се исполни?“ Да, Бог знае дека така ќе се одвиваат работите, но ние се молиме за тоа зло да биде побезболно и да не се прошири. Затоа, во Евангелието се вели дека заради избраните ќе се скратат тие дни (Матеј 24, 22). На пример, во војна по силата на молитвата се случуваат чуда: повеќето луѓе остануваат живи, а жртви има помалку. Од сето тоа луѓето стекнуваат духовна корист, почнуваат да веруваат и се менуваат – во добра смисла.

Работата е многу сериозна. Вистинско чудо е тоа што светот до денес не летнал во воздух. Нека Бог со Својата десница ги заштити луѓето – зашто целиот свет зависи од двајца-тројца луѓе. Судбината на светот е во рацете на неколкумина брливи. Како што вели поговорката: „Коњот коњ удрил, а цркнала кокошката!“ Токму така! Кога ќе завојуваат големите држави, неправда трпат малите сиромашни држави; се судираат големите, а пропаѓаат малите држави. Треба многу, многу да се молиме за Бог да ги просветли оние што се на власт зашто ако тие тоа го посакаат, можат да го уништат и целиот свет. Но Бог може многу лесно и нив малку да ги просветли, ќе најде некое решение што сѐ ќе промени.


Старец Паисиј Светогорец

 

Подготви: презвитер Горан Стојчевски



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4500
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4279
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3771
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…