23 јули 2015 лето Господово
Круна на големиот фолклорен фестивал на Русија посветен на 1000 – годишниот јубилеј на Св. кнез Владимир, ќе биде поставувањето на за еден ден изградениот православен храм.
Традицијата на градење на едноставни храмови била воспоставена од кнез Владимир. Оваа година храмот изграден од дрво од Архангелск, по образ на Троицката црква во Антарктида, по завршувањето на фестивалот ќе биде пренесен во една од парохиите на РПЦ на Крим. „Длабока символика е тоа што храмот се предава во лулката на крштението на Русија“, напомна Владимир Черников, раководител на Одделот за национална политика, регионални врски и туризам на Владата на Москва. Според зборовите на овој службеник, најверојатно место за поставување на храмот е Севастопол.
Четвртиот меѓурегионален фестивал по славјанска и уметност „Руско поле“, ќе се одржи на 26 јули во Московската музеј-тврдина Царицино. На него ќе земат учество 1640 претставници од 28 региони на Русија. Во концертната програма на фестивалот наречена „Владимир, раѓање на цивилизацијата“, ќе настапат хоровите на Даниловскиот и Сретенскиот манастир, како и театри од престолнината, хорови, а исто така и оркестарот при Министерството за одбрана на Русија.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир