За значењето на празникот Сретение Христово
Во тоа време, како што сведочи Евангелистот Лука, во Ерусалим живеел праведниот старец Симеон, кому му било ветено дека нема да ја види смртта сè додека во своите раце не Го прими Спасителот на светот. Воден од Светиот Дух тој влегол во храмот, токму во мигот кога Пресвета Богородица Го донела Младенецот Христос за да Го принесе пред Господа.