Групна крштевка на реката Бабуна (22.07.2015)
Повардарската епархија на 18. 07. 2015 година (сабота) по осми пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. И оваа година имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Оваа година бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква изнесуваше 28.