Св. Игнатиј Брјанчанинов: Љубов кон ближниот
Посвети внимание на стекнувањето љубов кон ближниот, како на основа на твојот живот… Засакај го ближниот, онака како што на тоа те упатуваат евангелските заповеди – а никако според страстите на твоето срце. Љубовта која Бог ја всадил во нашата природа е разболена со падот и не може правилно да дејствува.