Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)
Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат.