логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 SV.Joakim.Krchovski8

Животниот пат на светиот Јоаким Крчовски може да кажеме дека е поделен во две патоказни варијанти од кои едната се потпира на предание, кое подоцна не е верификувано од страна на науката и фактографски е побиено, а тоа е кажување од страна на Кирил Пејчиновиќ дека во манастирот свети Јован Бигорски учел “при некојси Иво од с. Осломеј,1 кој подоцна станал јеромонах Јоаким и ја напишал книгата „Различна поучителна наставленија...“, но, тоа тврдење од страна на науката е побиено, бидејќи светиот Јоаким во моментот кога ја печател книгата бил хаџи Јоаким, за што ни сведочи насловната страна2, значи бил хаџија и даскал, учител со световно име Јоаким. Тоа име ќе биде задржано, односно, повторно добиено кога ќе биде замонашен во манастирот свети Јоаким Осоговски и како покровител во духовниот живот ќе го добие преподобниот Јоаким Осоговски. Во контекст на тврдењето, дека Јоаким пред да се замонаши се викал Иво, постои уште еден непобиен факт, тоа е еден запис (слика 8 стр. 10) од 1781 година во којшто Јоаким е своерачно потпишан како Хаџи Јоаким и за тој запис ќе стане збор во понатамошните наши изложувања. Вториот фактографски правец е научен и во себе ќе содржи аналитички и оперативен тек, кој синтетизирајќи ги податоците ќе доведе до нови сознанија кои ќе бидат изложени.
За да ја добиеме приближно годината на неговото раѓање, ќе се послужиме со сингелијата за неговото ракополагање во свештенички чин, која била сочувана од неговите внуци, пишувана на црковно-словенски јазик, во формат 20 на 15 см, издадена во 1787 година од скопскиот митрополит Захариј3, во неа меѓу другото биле наброени и селата во коишто отец Јоаким имал право да свештенодејствува.4 Поаѓајќи од канонските одредби на Православната црква,5 за да може да се ракоположи свештеник, потребно е меѓу другото да се исполнат два услови, лицето кандидат да е оженето и да има 30 години. Од ова произлегува дека Јоаким на кого е издадена свештеничката диплома во 1787 година, би морал да има најмалку 30 години, односно дека е роден околу 1757 година. Најспорно е неговото место на раѓање. Во досегашните научни трудови за место на неговото потекло се смета околината на градот Кичево. Таа претпоставка е заради поврзувањето на презимето Крчовски со името на градот Кичево. За да се испита оваа претпоставка, добро е да се погледне хронолошки името на градот Кичево. Најстариот сочуван запис за градот Кичево, во кој што се споменува како населено место, е една повелба на византискиот цар Василиј II од 1018 година каде што е забележан под името Кицавис. Во текот на средниот век, градот бил споменуван со формите Китсавин и Китчавин (Кичавин) и се наоѓал во составот на Охридската Архиепископија. Охридскиот архиепископ Теофилакт, населбата ја споменувал со топонимот Киттава, а византискиот хроничар Акрополит, градот Кичево го именувал со формите Кицавин и Кицавеос. За време на кралот Милутин била употребена формата Кичава.
Потоа, од 1698 година постои сочуван запис6 од дебарско – кичевскиот владика Јоаким, каде самиот го пишува називот кичавски:



Австрискиот патеписец Ј. Г. Хан во една географска карта од 1867 година, градот со споменува со формата Криштево. А во народните легенди според Марко Цепенков, името се поврзува со тврдината на градот, која ја изградил Волкашин за керка си Кита. И по нејзино име тврдината била наречена Китино Кале, Китин Град. А подоцна под Китино Кале била основана населбата која според Кита, нагалено Киче, се нарекла Кичево. Денешниот муслимански назив на градот Кичево е Керчове. Одредени наши истражувачи го поврзале презимето Крчовски со некоја варијанта на име за градот Кичево кое го дефинираат како Крчово, забележано во запис од 1846 година во Псалтир што му припаѓал на Шишевскиот манастир кај Скопје: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“7, а исто така се повикуваат на белешка во Зборникот на браќата Миладиновци, песна под број 339 (слика 1): „от Крчово, кун Дебарските места“8 .

Слика1

Истражувајќи ја постапно материјата, стигнавме до одредени сознанија дека во „Зборникот“ на браќата Миладинoвци споменатото заглавие „от Крчово, кун Дебарски-те места“ е почеток на плеада од песни почнувајќи од 339 до 510 песна. Следен топоним во Зборникот е „От Струга“ кој што се појавува на 511 песна, по завршувањето на ова дијагонално патување по Македонија. Почетокот на песните е покриен со искажаното од Крчово кон Дебарските места, но, треба да се земат во предвид две нешта: првото, е картата на етничка Македонија, која во времето на Миладиовци, нејзиниот најисточен дел е Серската област и Драма, која како најблиска точка до границата со Тракија го има селото Крчово. Браќата Миладиновци со овој топоним во нивниот зборник на собрани песни развиваат еден шал којшто содржи 171 песна, почнувајќи од најисточниот дел на Македонија до најзападниот дел, близу албанската граница Дебар. Доказ за тоа се првите песни од шалот, кадешто Ѓурѓа заспала крај море, под дрво маслиново (340 песна), а во последните песни е спомната Билјана, која е типично охридско-струшко име. На заглавието „от Крчово, кун Дебарските места“ браќата Миладиновци ставиле и фуснота, за да појаснат дека двете песни се од Крчово и дека таму ги слушнале и запишале, во Крчово коешто е во непосредна близина на Егејското Море. Исто така, претпоставката дека споменатото Крчово во 339 песна во „Зборникот“ на браќата Миладиновци е градот Кичево несомнено се побива со прибелешка на Димитар Миладинов, која што се наоѓа во истиот Зборникот при 212 песна за Сирма Војводка (слика 2), каде тој јасно ги пишува имињата на градовите – Сирма... „от Крушово појде в Кичево“, со што ни го потврдува називот на градот кој се користел за време на браќата Миладиновци.



Слика 2

Аналогно на тоа, се поставува прашањето и за првото тврдење за записот во Шишевскиот манастир, бидејќи потекнува од 1846 година, а тоа е времето во кое живеат браќата Димитар и Константин Миладиновци, родени едниот 1810, а другиот 1830 година, а живот го завршиваат 1862. Исто така, ќе се послужиме со уште неколку факти, односно со познатиот ракописен Поменик
на Слепченскиот манастир, кој се наоѓа во НБКМ во Софија, под број 1015, пишуван од големиот книжевник Висарион Слепченски. Во поменикот на лист 16б се споменуваат јеромонасите Неофит и Зосим, а на лист 19б јеромонасите Симеон, Јоаким и Пафнутиј од манастирот „Пречиста Кичевска“9 наречен уште и Крнински10. Потоа и во Зографскиот Поменик, кој што датира од 1504 година11 името на градот Кичево ја содржи истата форма (слика 3).12



 Слика 3

Во еден печат на манастирот (слика 4) од 1763 година е запишано:


Слика 4

Познатиот колекционер, кого го нарекуваат „сестран зналец на Словенскиот Југ“ Виктор Григорович14 во своето дело ОЧЕРКЪ15 името на градот го бележи како Кичава (Слика 5). Од овие изложени фактографии, ако ја земеме во предвид добиената година на раѓање на светиот Јоаким приближно 1757, можеме да заклучиме дека во времето кога живеел светиот Јоаким Крчовски местото се нарекувало по денешниот назив на градот Кичево.


Слика 5

 

П Р О Д О Л Ж У В А...

 

1* д-р. Харалампие Поленаковиќ, Никулците на новата македонска книжевност, Скопје, 1973, стр. 9.
2* „Слово заради страшен суд Божиј и второе пришествие Христово“ во кое се појавува за прв пат јавно како автор „списана от хаџи Јоакима даскала“.
3* Името на митрополитот Захарија е познато и од записот од 1776 година во манастирот свети Арангел Кучевишки.
4* Йордан Иванов, Български старини из Македония, БАН, София, 1970, стр.142.
5* Никодим Милаш, Православно црковно право, Задар, 1890, 252, 258.
6* Љуб. Стојановић, Стари српски записи и натписи, Београд, 1982, стр 472, зпис 2046.
7* Й. Иванов, Български старини из Македония, София 1931, стр. 128.
8* Б. Конески, За Јоаким Крчовски и неговите книги, стр 221, 222.
9* П. Илиевски, Просветната улога на манастирот „Св. Пречиста“ – Света Пречиста Кичевска“, Скопје, 1990, стр. 21.
10* По селото Крнино коешто било опустошено пред почетокот на XIX век.
11* Исто таму, с. 508.
12* И. Гергова, Поменици от Македония в български сбирки, София, 2006, с. 67.
13* Й. Иванов, Български старини из Македония, София 1931, с. 87.
14* Престојувал во Македонија 1844/5 година и во Охрид и Струга и се сретнал и со Д. Миладинов.
15* Виктора Григоровича, ОЧЕРКЪ – Путешествия по Европейской Турции, Казань, 1848, с. 212

 

ИЗВАДОК од книгата „Свети праведен Јоаким Крчовски“ творештво на сестринството на Манастрот Свети Јован Претеча Слепче,
Небесни цветови, 2022 г.

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/sveti-praveden-joakim-krcovski/

 

 

 

Друго:

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%88%D0%BE%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC%20%D0%9A%D1%80%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all&limit=20

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная