Старец Силуан Атонски: Држи го својот ум во адот и не очајувај (II дел)
Така и јас еднаш испросив послушание по своја волја. Бев економ, но сакав да одам во Стар Русик поради безмолвие. Таму постојано се постеше. Цела недела се јадеше на вода, освен сабота и недела, и заради тоа народот таму ретко одеше. Госто-приемник тогаш беше отец Серапион кој јадеше само леб и вода. Потоа него го замени отец Онисифор.