Венко Андоновски: Како да замонашиш партија
Не сум психијатар, но од книжевноста се учат многу работи. Така, на пример, од драмскиот текст „Паралелни светови“ на мојот хрватски пријател Миро Гавран, врз „жив пример“ (книжевен лик) научив што е дисоцијативна фуга. Таму, ликот околу кој се врти сѐ, професорот економист Адам, откако ќе ја затекне сопругата во неверство со најдобриот пријател, заминува во банка да ги подигне сите пари и да фати пустелија.