Манастир на свети Јоаким Осоговски - Крива Паланка
Интересно е да се напомене дека манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се посебно горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски.