Митрополит Повардарски Агатангел - Предговор на книгата „Љубовта е посилна од смртта“ (13.12.2015)
Пред доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос во тело, луѓето знаеја само за овоземниот живот, кој беше ограничен и застрашуван од неизбежната смрт. Од неа никој не се избавил, туку секој роден на земјата ја искусил или ќе ја искуси смртта. Но, нашиот Господ и Спасител со Својата смрт и воскресение ја победи смртта, и ни даде можност, доколку станеме делови и клетки од Неговото Тело – Светата Православна Црква,...