На 16.03.2016 година, во првата среда од Великиот пост во Соборниот митрополитски храм „свети Кирил и Методиј„ се отслжи Литургија на Претходноосветени Дарови. Со Литургијата началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Предраг Исаевски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. Православните христијани кој со пост и молитва се подготвуваа во изминативе денови, пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија