Архимандрит Емилијан - Светиот човек е нормален човек
Но, постоеле околности кога целата сила на минатиот живот се враќала како непогода во човечката душа и човекот ја губел снагата да се спротистави на тоа; природата ја задобивала својата противприродна снага. Дивото магаре, кое се криело во срцето, се будело и ги барало своите права, така што човекот се враќал на гревот, иако веќе го бил примил белиот хитон на Крштението.