Митрополит Атанасиј Лимасолски: Среќата не е главна цел на бракот
Бракот е пат за спасение на човекот. Ако го разгледаме од стојалиштето на духот на Црквата, тогаш ќе мораме да признаеме дека главната цел на бракот не може да биде ништо друго освен спасението на човекот. То ест, цел на бракот не може да биде среќата, ниту раѓањето деца, ни на пример пронајдувањето на животниот сопатник – сé се тоа нешта од второстепено значење.