логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

За ангелските чинови

Познато е дека невидливиот и духовен свет на ангелите се состои од девет чети хиерархизирани во три тријади и тоа: 1) Тријада I, најниска – Ангели, Архангели и Началства; 2) Тријада II, средна – Власти, Сили и Господства; 3) Тријада III, највисока – преблажени Престоли, Херувими, и Серафими (Свети Дионисиј Ареопагит, Небесната ерархија, гл. III, стр. 15, Кишињев, 1932).
Да видиме сега како човекот прима од својствата на тие преблажени ангелски чети. 

Sample Image


Ангели

Се толкува дека ангелите се служители Божји. Ангелите се тие кои ни помагаат во неволји, во страданија и во искушенија и тие секогаш се радуваат на оние што растат во доблестите, и секогаш ги натажуваат оние кои паѓаат во гревови и тие им помагаат да се подигнат од гревовите и од тешкотиите. Ангелите служат за спасение на човечките души и никогаш не нè напуштаат, служат до нашето излегување од овој живот и до времето на нашата смрт. Ангелите се чин најблизок до нас; на нив им е дадена на чување оваа земја и тие служат поблиску до нас за спасение на човечките души. Затоа големиот апостол Павле рекол: “Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението” (Евр. 1, 14)?
И човечката душа го има од Бога тоа дејствување како и ангелот. Таа има вера и љубов кон Бог и му служи на Бог со страв и трепет. Човечката душа и самата има моќ да служи, да им помага на своите браќа, да ги теши во неволји и огорченија, да ги утврдува со зборови и секогаш да ита на помош на своите браќа со разни средства; значи, затоа и човекот е еден вид на ангел составен од две природи, како што го нарекува свети Јован Дамаскин (Догматика).
Ангелот лета како молња низ небесата и низ поднебесата; за миг слегува во пеколот, за миг ја обиколува земјата и не го спречува ниту литосферата, ниту атмосферата, ниту стратосферата, ништо не го спречува (свети Јован Дамаскин, Догматика, Книга II, гл. 3).
Исто така и душата на човекот со својот ум. Душата со својот созерцателен дел, умот кој за миг го пропатува небото, слегува во пеколот, си создава претстава за тамошните маки, брза каде што сака и никој не може да ја спречи, зашто каде што сака, таму оди.
Ете ја сличноста на нашата душа со умот. Што ангелот има во телото, човекот едвај во својот ум има. Затоа големиот духовен философ свети Григориј Ниски вели: “Човекот е брат со ангелот по словесноста” (Коментар на Мојсеевото житие, стр. 831).
Сите сили, особини и дарови на секоја чета се опишани во Слово на Соборот на архистратезите на ангелските чети Михаил и Гаврил, од Житието на Светиите, 8 ноември.
Но, треба да знаеме дека совршено бестелесен е единствено Бог, бидејќи  сите ангели имаат свои тела. Но, нивните тела се претенки од оган небесен и се нарекуваат “бестелесни” во списите на Црквата.
 
Архангели

Ова е втората чета од најниската ерархија и архангелите ја имаат следнава задача од Бога: тие примаат наредби од Бог и ги откриваат пророштвата од Него и на време им ги благовестат тајните на Божјите луѓе и на сите народи на земјата (свети Дионисиј Светогорец, нав. дело. Гл. VII, стр. 28; гл. 9, стр. 37).
Знаете како благовестеа архангел  Гаврил и другите ангели од оваа чета, испратени од Бог на раѓањето на Свети Јован Крстител и на Раѓањето на нашиот Спасител, при Благовеста на Богомајката.
Значи, Архангелите ја имаат таа задача од Бог, која им се открива со посредство од повисоките чинови и тие ги чуваат тие наредби до моментот кога мисловно ја примаат заповедта да ги однесат на земјата, на секоја душа посебно. Нашата душа не е туѓа на архангелското дејствување. Таа има паметење, кое ì го дал Бог, памети сè, а нејзиниот ум, ако е просветен со Пресветиот Дух им го благовести на луѓето Евангелието и Словото Божјо и претставува спасоносно учење за душите, за да ги приведе на патот на спасение. Како што знаеме апостол Петар проповедал во Ерусалим и за еден единствен ден поверувале околу 3 000 луѓе, а наредниот ден бројот на луѓето просветени од зборовите на Апостолот нараснал до 5 000 луѓе, така светите апостоли го благовестеле Словото Божјо до сите краишта на вселената, како што е напишано: По целата земја… (Псалм 18, 4). Ете дека светите апостоли, благовесниците на Христовото Евангелие, биле и архангели во тело.
Ете значи, како и Архангелите, луѓето имаат и благодат на благовестување и пророштво. Многу од Божјите светители имале дар однапред да знаат што ќе се случи со нив и со другите. Такви биле светите патријарси, пророци, апостоли, ерарси, маченици и преподобни отци од пустините. Значи, и човековата душа со силата  Божја прима и дар  на Архангели.
Човекот може да благовести, да проповеда, да учи и да им разјаснува на неупатените и да ја умножува верата Божја на земјата за слава Божја.  

Sample Image

Началства

Власт на оваа чета е да ги чува сите граници на светските царства, сите земји, сите градови, сите села и предели, сите области на светот. Началствата имаат голема власт од преблагиот Бог за да нема војни меѓу луѓето. Или, ако Бог дозволи да има, тогаш тие го чуваат секој народ и секој јазик под небото (свети Дионисиј Ареопагит, нав. дело. гл. 9, стр. 41).
И човечката душа го има тоа својство, како што покажуваат Светите Отци. На човекот Благиот Бог му дал да има разбирање, да составува закони со кои може да владее со големи царства и со силни држави, да составува војни закони, граѓански устави, управни закони, закони за поредокот и дисциплински закони. Ете многу сили со кои (човечката душа) е слична со Началствата. И човекот владее со градови, со земји, со царства и со предели; тие сили му се дадени на човекот од почетокот, кога Бог рекол: “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и завладејте ги рибите морски и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата” (1. Мој. 1, 28).
Значи, оваа сила на владеење и на царување ја има и човековата душа и воопшто човекот, земен заедно со душата.

Власти

Оваа пресилна чета, бидејќи е над првата тријада, има задача да владее над ѓаволите. Многу големи штети ѓаволите би им нанеле на луѓето, кога не би бил овој чин, обдарени со голема сила од Семоќниот Бог да владеат над нив. Милијарди ѓаволи има во поднебесата и на земјата и во вода и под земја и во воздухот кој ја обиколува земјата и сета вселена, како што е кажано во книгата за Јов: “Одев по земјата и ја обиколив” (Јов 1, 7), или како што вели апостол Павле: “Против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата” (Ефес. 6, 12); значи на секое место се наоѓаат ѓаволите и тие многу би му штетеле на созданието Божјо, бидејќи сатаната има толку сили, што, ако Бог му дозволи, со ноктот би ја свртел земјата на другата страна, како што вели свети Серафим Саровски. Но силата на сатаната и на неговите служители е оградена со безгранижната сила Божја и Бог со оваа чета, четата Власти, владее со нив, не дозволувајќи им да прават некакво зло на луѓето или на другите Негови созданија.
 А со волја и со дозвола од Бога, можат да направат големо зло. Во Светото Евангелие гледаме дека не смееле ниту во свињите да влезат, додека Бог не им дозволил (Мат. 8, 12; Јов 1, 12).
Значи, чинот на Властите ја имаа оваа задача да владее над ѓаволите и да не им дозволува да повредат некое Божјо создание (да се види: свети Дионисиј Ареопагит, нав. дело. гл. 8, стр. 32). Значи, нека се знае дека и човековата душа го има тој дар од Бог да владее над ѓаволите и да владее над страстите на телото и на душата, бидејќи свети Ефрем Сирин вели: “Колку страсти има човекот, толку ѓаволи има во себе”.
Значи, душата чиста и просветена со дарот Божји (благодатта) владее над овие ѓаволи и не сака да ја остварува нивната волја и особено не се дава да биде поразена од страстите на телото и на душата, зашто во себе го има дарот Божји за да им се спротивстави на ѓаволите кога ја напаѓаат (Мат. 10, 18; Марко 3, 15; Лука 9, 1).

Сили

Над четата Власти е четата Сили, која е втора чета од втората тријада. Оваа чета ја има следнава задача: Таа има голема сила од преблагиот и семоќен Бог да прави големи чуда на целата земја; но со тој дар од Бог се обдарени и луѓето кои Бог ги избрал и на кои Он сака да им го даде тој дар (благодат). Сите светители чудотворци се удостојуваат преку оваа чета Сили да добијат од Бог дар на чудотворство. Четата Сили има и друга задача: Таа управува и ги придвижува небесните тела, планетите на сончевиот систем и небесните ѕвезди, толку прецизно, многу восхитувачки и неискажливо точно.
Истата оваа чета Сили управува со поднебесието и го менува дувањето на ветровите, ја мери нивната јачина и тежина, за да не дојдат со преголем налет на некоја земја и да не ги повредат луѓето, нивните градови и села. Или, ако дозволи семоќниот Бог, на одредени места испраќа урагани, циклони, тајфуни со секаков вид на опасности, и така со посредство на овие чети Бог ги казнува грешните луѓе од некои делови на земјата.
И човекот го има овој дар од Бог, кој го има и оваа чета Сили, зашто човекот молејќи се на Бога, со дарот (благодатта) и со силата што ја прима од Него, може да прави чуда. Колку свети пророци правеле големи чуда и воскреснувале мртви, како Илија и Елисеј! Колку апостоли правеле големи чуда и воскреснувале мртви, како Петар, Павле и свети Јован Евангелист! Колку свети ерарси и маченици правеле големи чуда и воскреснувале мртви, како свети великомаченик Георгиј и други!
Значи, човекот има дар од Бог да прави големи чуда, и наместо да управува со ветровите и со промените на времето, тој управува со деловите од своето тело, управува со доблестите и со страстите на своето тело и става сè во поредок на службата и на славата Божја, според она што е напишано: “Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени кон праведното” (Изрек 4, 25).

Господства

Оваа чета се нарекува Господства, бидејќи таа господари над ѓаволите и исто така над сите земни царства и над сите земји кои Бог ì ги подарил. Исто така оваа чета Господства владее над сите чети што се пониски од неа и кои се пет на број. Тие се Господства и Му служат на Господ Бог не заради страв, туку од љубов и слободна волја, но особено од љубов сосема го отфрлиле од себе ропскиот страв. Другите чети служат од страв, имајќи непорочен страв, според она што е напишано: “Непорочниот страв Господов кој пребива во вечни векови” и пак: “Стравот Господов кој ги просветува очите” (Рим. 8, 15; Јован 4, 18); и Господствата имаат голема сила да владеат над силите на сатаната и над силите на земните народи и над силите на стихиите, како и над другите сили кои се пониски од нив.
Значи, човекот има од Бог дадена сила да владее и да царува над еден град, над една држава или над повеќе држави. Кој мислите дека ги поставува царевите, владетелите и судиите на земјата, ако не Бог.
Слушнете што вели божественото Писмо: Слушнете вие кои владете со мнозинството и кои се гордеете меѓу незнабожечките народи дека ви е дадена  сила од Господа и власт од Севишниот (Изрек. 6, 1-8).
Значи, со посредство на четите Господства, Бог ги поставува царевите, кралевите, водачите на народите на секоја земја. За оваа вистина зборува и големиот апостол Павле, кога вели: “Секоја душа да им се покорува на властите кои владеат, зашто нема власт која не е од Бога (Рим. 13, 1-6). Значи, сите власти кои се на управа на народот, сите државни водачи се поставени од Бог преку чинот Господства; тие ја  имаат таа задача да владеат над ѓаволите и да поставуваат владетели и цареви на земјата.
Четата Господства е многу слична и на човековата душа, која со Божјата благодат достигнува да владее над страстите на своето тело и душа. Сте слушнале за свети Симеон, јуродив заради Христа, кој одел гол по улиците на Емеса и носел ловоров венец на главата, а бил калив, преправајќи се дека е луд, и викал: “Празник е на царот победоносец и на градот негов”, прашан од ѓаконот, кој ја знаел тајната на неговиот живот, зошто така зборува, тој рекол: “Со милоста и со дар од Христа, мојот ум царува над страстите и мојата душа стана град Божји” (Житија на светиите, 21 јули), и така Јуродивиот заради Бог, како што вели апостол Павле (1. Кор. 1, 19, 25) бил помудар од целиот свет, бидејќи царувал над своите човечки страсти. Тој одел гол и не се грижел за оние кои му се смееле, зашто големиот апостол Павле вели: Кога би им угодувал на луѓето, не би бил слуга Христов (Спореди со Гал. 1, 10). Ете, значи, пример дека човек со дарот Божји може да стане владетел и да царува над страстите и владеејќи над страстите, царува и над ѓаволите и над сè што е светско, бидејќи тој тогаш навистина се воздигнал според Божјиот образ и подобие (1. Мој. 1, 26-27).

Престоли

Така се нарекува, бидејќи на оваа чета почива преблагиот и премилостив Бог, не по суштина, бидејќи по суштина сосема е неопфатен, туку по благодат. Значи, Благиот Бог почива на посебен начин, со Својата благодат, на тој чин Престоли; затоа тие се нарекуваат, според светите богослови “Богоносни” (Свети Дионисиј Ареопагит, нав. дело, гл. 7, стр. 31).
И човековата душа го има тој дар од Бог, кој го имаат преблажените Престоли, па и таа може во голема мера да Го прима и да Го носи Бог, според она што е напишано: “Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот Светец и Неговото име: ‘Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но сум со оние што имаат скрушено срце и смирен дух, за да го оживувам духот на смирените и да ги оживувам срцата на скрушените” (Иса 57, 15); И свети Ефрем Сирин вели: “Два престола има Благиот Бог: неопфаливото небо и вториот – срцето на смирениот”. Ете, Бог почива и во срцето на смирениот човек, како на Свој Престол. Но, и големиот апостол Павле ни кажува: “Вие сте Црква на живиот Бог и Духот Божји почива во вас (1. Кор. 6, 15; 12, 27; Ефес. 5, 30). Слушаш ли што вели? Ние го носиме Духот Божји, ако ја исчистиме својата душа од гревови. Значи, ете како човекот може да стане словесен престол и да Го носи Бог во себе, имајќи дел од онаа задача која ја имаат преблажените Престоли од небесата и носејќи Го Бога во својата душа со делотворение на секакво добро дело, но посебно со љубов и со смирение на своето срце.

 

Извор: Повардарска епархија

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная