За смислата на искушенијата III – дел
Ѓаволот влегол во рајот и ја измамил Ева. Но и Христос Господ, како што велат Отците, влегол во светот и го измамил, го поразил ѓаволот. Токму тоа го гледаме во испитанието. Во тоа што Бог допушта човекот да биде испитан, ги гледаме сите овие елементи, но се разбира ја гледаме и слободата на човекот. Бог не се допира до неа, бидејќи таа е најголемиот и највозвишен дар што Неговата љубов му го дала на човекот.