Западот (03.11.2016)
Можеби ќе кажете дека на Запад сепак, е убаво, сепак, постои нешто добро. Но денес како да заборавивме дека сета негова култура, сѐ она со коешто тој уште може да се пофали и гордее, во своите корени го има Христијанството! Она малку добро што можеби останало таму е плод на христијанизацијата во минатото. Да! Христијанството ги издигна поетите, уметниците и научниците кои живееја на тлото на Западниот свет...