Житие: Свети ЕРАЗМО ОХРИДСКИ (15/2 јуни)
Се подвизувал токму на ова место, во горната капела, при овој манастир, кој го носи неговото свето име. Св. Еразмо бил носител на Светиот Дух. Наоружан со молитва, можел да го сочува своето срце чисто, да живее беспорочен живот, да го преумножува смирението и да ја ползува Божествената љубов.