логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Морализаторот на душата е и нешто друго. Тој е нашето его. Ова значи дека сите сме создале во нашата душа одбрана, еден моќен профил, еден одбранбен механизам што не нè напушта и не ни дозволува да го видиме нашето вистинско јас. Всушност, ние сме нешто многу подлабоко. Не се познаваме себеси, малкумина се познаваат себе си. Затоа и светите отци на Црквата велат дека Бог соработува со најдлабокото јас на човекот. Со она јас што не го знаеме. Затоа и гледаме луѓе кои надворешно и навидум изгледаат чудни, несмасни, но и како ја имаат Божјата благодат, имаат благослов во животот, имаат чуда. Зошто? Бидејќи она што ние го гледаме е школка, надворешниот дел.

На подлабоко ниво, постои едно јас кое Бог го познава и соработува со него; јас коешто е со многу добар квалитет. Ова го гледаме дури и кај луѓе кои се надвор од Црквата и многу пати дури и самите го кажуваме тоа: „Погледнете го! Тој не оди в црква, но колку убав човек!“ Затоа што Бог соработува со длабокото јас, а не со надворешното, коешто ние мислиме дека сме. На пример, имаме сопруг кој не ги изразува своите чувства и велиме „тврд човек“. Да, ова е негова одбрана, бидејќи тој можеби пораснал во дом каде што не добил љубов, милување, прегратка. Ако се вратиме на старите поколенија, се сметало за грев таткото да покажува голема љубов, голема нежност и голема срдечност кон децата или многу милувања. Или мајката. И многу пати може да си бил казнуван затоа што си ги изразил своите чувства. Така овој човек формира еден профил, едно его, и не се изразува. Сепак, тоа не значи дека е лош. Не значи дека тој не е нежен. И многу такви луѓе ја покажуваат својата нежност, грижејќи се за животните и се прашуваш: „Од каде најде таква нежност?!“

Ние го познаваме нашето јас, кое е на површината. Бог нè познава на многу подлабоко ниво, затоа и ни дава харизма. Тој ја знае длабочината на човечкото срце, затоа што не мери според мерките со кои мериме ние. Тој го разбира она што ние не можеме да го разбереме.

И така, моралистот, според Свети Порфириј, има исклучително моќно его, кое не го остава да го види и да го познае своето вистинско јас, не го пушта да влезе длабоко во себе, затоа што не се научил и не сака да погледне во себеси така како што е. И што прави?

3.angeli.so.truba


Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Свети Порфириј вели: „Се бунтува секој пат кога ќе види човек како отклонува“. Сигурно сте виделе луѓе кои од утро до вечер осудуваат – младите кои не се во право, учителите, свештениците, политичарите, сите се виновни, но тој никогаш не е виновен. Тој го прави тоа затоа што, рековме, не може да стапи во контакт со себеси и второ, затоа што секогаш гледа надворешни непријатели, секогаш гледа кон непријателот надвор од него, затоа што се плаши да погледне во себе. Секогаш ги гледа другите како непријатели, секогаш тие се виновни и започнува да го обвинува нивниот живот, да се занимава со нив, да копа, да осудува, да биде непријателски расположен, агресивен. Ако ги читате древните Патерици, ќе видите колку светители и пустиници го скршиле своето јас, сликата, профилот и влегувале во бордели за да ги спасат женските души, не ги интересирало ниту што ќе кажат луѓето, ниту дали ќе се извалка нивниот образ или авторитет.

Односно, моралистот не би влегол на такво место, но дури и да влезе, тој ќе започне да ги осудува и очајува, да ги разочара, да ги исполнува со вина, да ги уништува. Затоа што мисли дека така ќе се поправат. Не се поправа така човек. Никој не се поправа со тоа што ќе му кажеме, со тоа што ќе му викнеме или ќе му наметнеме нешто. И дури многу пати веруваме погрешно дека нашите деца ќе дојдат в црква ако им зборуваме постојано за Христос – но, работите ќе станат уште полошо. И особено ако се во пубертет, трипати полошо. Затоа што ќе реагираат многу остро. Затоа Свети Порфириј кажува за децата, особено за тие во пубертет: „Воопшто не зборувајте, ќе се молите за нив и доколку вие се осветувате, дотолку и тие ќе започнат да доаѓаат во црква“.

    Цели семејства се смениле, луѓе атеисти кои немале никаква врска со Црквата, затоа што некој во семејството се молел и не се наметнувал. Но, ние сакаме да се наметнуваме. Не издржуваме поинаку, не издржуваме ако тоа не се случи по нашата волја. Некој вели: „Потребно е да Го познаат Христос!“ Да, но ти сакаш да им го наметнеш, додека Христос не се наметнал, не бара, а вели: „кој сака, нека врви по Мене…“ – значи, потполна слобода. Ти сакаш да Го наметнеш. Тој не сака. Си Го спознал Христос? Добро. Остави го другиот да дојде неговиот час, ќе дојде неговото време, кога и тој ќе е подготвен да Го познае Христос. Некој се менува кога ќе дојде неговото време, вистинскиот момент – секој човек има пат, историја, граница. Ние сакаме да интервенираме во тоа, но тоа не се случува. Треба да имаме трпение и слобода да ги оставиме другите. И, пред сè, нашиот пример ќе ги доведе в црква. Јас, кој сум свештеник, никогаш не им реков на моите деца да дојдат в црква, ниту сум им кажал да постат. Сепак, тие го прават тоа, доаѓаат в црква и се причестуваат. Моето семејство беше надвор од Црквата, сите членови. Никогаш не им реков ништо. И се сеќавам на Свети Порфириј, кој велеше: „Не зборувајте, молете се тајно“. И сите се променија и сите сега се во Црквата, родители, браќа, без нешто да им кажам. Што, јас ли ќе им кажам? Кој сум јас? Тие немаат ли лична врска со Бога? Но, тоа започнува со нашиот менталитет, кој ни кажува дека проповедањето значи да зборуваме, да му наметнуваме разни работи на другиот. Додека, повторувам, во Православната Црква зборот е искуство. Го гледате животот на другиот. Ако мајката оди в црква и е радосна и Христос ја направил нормална личност, природна личност, личност без комплекси, личност која е целата прегратка – ако Христос те направи човек кој простуваш, кој даваш надеж, даваш светлина – кој не сака да е така? Тогаш и другиот ќе дојде кај тебе и ќе ти каже: „Ми се допаѓаш! Како стана таков?“

Во спротивно, ќе бидеш комплексна, мизерна, депресивна личност, каде сè ти е виновно, се караш, не можеш да се сложиш со себеси, со другите, злопамтило си, острастен, не можеш да се смириш.

Свети Порфириј зборува за тоа што се случува кога судиме за престапот на другиот, а додека ние не сме го надминале.

Тука сакам да ви кажам нешто многу важно, закон во духовниот живот. Кога ја осудуваш грешката, страста, слабоста на една личност, додека ти самиот не си ја надминал и не си покажал разбирање, тогаш да очекуваш и да се приготвиш за големо искушение. Ние многу пати прашуваме зошто нè снаоѓаат такви испитанија, искушенија итн. Но, ова е духовен закон. Кога ти имаш некаков грев и не го покриваш истиот грев на другиот човек, не покажуваш љубов, разбирање, не сочувствуваш, не му помагаш, а го прекоруваш, обвинуваш, оценуваш, клеветиш, осудуваш, разочаруваш многу пати, тогаш ќе те снајде големо искушение.

Отец Епифаниј Теодоропулос вели дека проблемот со плотта го решава надгробната плоча. Овие прашања не се решаваат лесно, се намалува интензитетот, се балансираат, не се решаваат, зашто се природа. Го помнам еден мудар старец во Крит, кој кога понекогаш го прашуваа за плотски прашања, земаше една запалка и велеше:

– Ја гледате ли запалката?

– Да.

И ја запалуваше и велеше:

– Тоа е плотта. Плотта е оган. Така си се родил. Не си се родил крадец, лажец, убиец – со плотта се раѓаш.

Кога судиме, ќе дојде искушение, за да нè натера да ја почувствуваме болката и страста на другиот и евентуално да се открие она што го криеме.

Св. Порфириј вели: „Можеби не крадам, но убивам“. Тука Светецот доаѓа да ни каже дека клеветата, осудата и целата таа злоба што ја покажуваме против страстите на другите луѓе е убиство. Што вели Христос во Евангелието? „Сте слушнале дека им било речено на старите: ‘не убивај; а кој убие, виновен е пред судот’. Јас, пак, ви велам, дека секој кој се гневи на брата си без причина, виновен ќе биде пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ‘празноглав’, виновен е пред Синедрионот; оној пак што ќе рече ‘будала’ виновен ќе биде за во пеколот“ (Матеј 5,21-22).

    Христос сака да каже дека не е убиство само да убиеш некој, на пример, со еден нож, туку можеш да го скршиш и уништиш со твоите зборови и однесување. Што вели Казанѕакис? Никогаш во својот живот не ранувај човечко срце, затоа што Бог, Кого не Го собираат седумте небеса, Го собира едно човечко срце. И ти го рануваш тоа срце, го разочаруваш, го отфрлаш, го раскрвавуваш. Тоа е убиство за Црквата. И кога многу пати одиме на исповед и велиме: „Ништо немам, не убив никого, не сум украл“, – може да си убил многу пати посилно со зборови, со поведение. Што вели еден Старец? Од сите може да се спасиш, од мајка си и татко си – никогаш. Знаете ли на колку луѓе им го уништиле животот, затоа што како деца ги понижувале, ранувале, навредувале; луѓе со скршени души. Од тоа не можеш да се спасиш. Како да се спасиш од оваа реалност? И тоа исто е убиство… Свети Порфириј продолжува: „Велиме, на пример: ‘требаше да направиш нешто, ти не го направи, ете што ти се случи, што претрпе!’ Всушност сакаме другиот да трпи зло“. Тоа е една голема вистина – како ние многу пати ги проектираме кон Бога нашите страсти. Ја проектираме нашата одмазда и создаваме еден бог според нашиот лик и подобие. Односно еден бог кој казнува, кој сече јазици, една Света Богородица, којашто им ги сече рацете на луѓето.

Или си велиме: „Ништо нема да ти направам, но Бог нека ти врати!“ Што е тоа? Тоа е колнење, каде всушност сакаме Бог да се одмазди место нас. Го тераме Бога, а не ние, да ја заврши валканата работа.

„Ќерка ми е болна“ – ми кажуваат. „Јас сум виновна, јас која правев гревови. Или мажот ми е виновен, зашто направи гревови и детето ми се разболе или се роди така“.

Не, не е така. Сетете се на цитатот од Евангелието, кога Го запрашале Христос: „Кој згрешил, тој или неговите родители, за да се роди слеп? Исус одговори: ниту тој согреши, ниту неговите родители, но тоа се случи за да се јават делата Божји врз него“.(Јован 9,2-3)

Светецот продолжува: „Кога мислиме за злото, тогаш може навистина да се случи“.

Јас нема да го кажам само злото кое го мислам за другите, туку и за злото што го мислиме за нас. Значи, постојано имаме негативни мисли и не можеме да напредуваме, зашто што и да мислиме е негативно. „Не заслужувам ништо, ќе пропаднам, не сум достоен никој да ме засака, ништо добро не се случува во мојот живот, ништо нема да направам!“ Всушност, тоа е една касета која ја пуштаме да свири во нас, но која другите ни ја снимиле. Таа касета е снимена во нашите детски години и ние ја повторуваме одново во нашиот живот, но не ја разбираме. Ако побараш подлабоко во тебе, овие зборови што ги кажуваш за себеси, некој друг ти ги кажал, влезени се во тебе и го повторуваш тоа нешто. Старец Тадеј вели дека помислите го определуваат нашиот живот и негативните мисли имаат големи последици за нашиот живот.

Свети Порфириј вели: „Возможно е некој да каже: така како што се однесува некој, ќе биде казнет од Бога. И си мисли, дека го кажува тоа без злоба. Но, не изгледа како колнење, а тоа што го крие душата на човекот, е нешто многу тајно и тоа може да дејствува врз лицата и работите“.

Еден човек кој живеел близу до Свети Порфириј, ми раскажа, дека кога Старецот живеел во една мала келија, пред да се изгради манастирот, ги посетила една жена која имала многу страсти. Старецот не можел да и оддели внимание. Задржал еден човек, за којшто сметал дека имал поголема потреба, зашто му ја гледал душата и ѝ рекол на жената: „Сега не можам да ти посветам внимание, треба да си одиш“. Веднаш штом таа си тргнала, немало ни 50 метри, се слушнал тресок во просторијата, посетителот станал, но Старецот го фатил за рака и му рекол:

– Седи, не се вознемирувај, се одлепија и паднаа сите плочки во бањата!

Поради силната завист, која жената ја почувствувала.

3.angeli.so.truba

„Постои еден живот, којшто е невидлив, таен живот, животот на душата. Тој е многу моќен“.

Таен, но моќен. Не се гледа, но е во нас и е многу моќен. Другото јас, скриеното јас, тие душевни сили, кои повеќето од нас не ги знаеме.

„Постои еден живот којшто е невидлив, таен живот, живот на душата. Тој е многу моќен и може да дејствува врз другиот, дури и ако нè делат километри. И без да зборуваме, може да го пренесеме доброто или злото, какво и да е растојанието кое нè дели од ближниот. Тоа кое не се изразува најчесто има повеќе сила од зборовите“.

Тука старецот кажува дека лошите и негативни мисли имаат влијание и многу пати, тоа што не излегува од душата, има поголема сила. Затоа и подолу вели: „Внимавајте што посакувате, што зборувате“.

,,Ако се препуштиме на Христовата љубов, тогаш сè ќе се промени. Сè ќе се промени, гневот, ревноста, зависта, вознемиреноста, осудувањето, неблагодарност, меланхолијата, депресијата, сè ќе стане радост, копнеж, копнеж, Божествена љубов и Рај“.

Во Црквата страстите не се заменуваат, туку се преобразуваат преку Божјата благодат и затоа треба да ги претвориме во Божествена љубов, копнеж, сакање…

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/moralizatorot-na-dushata-spored-sveti-porfirij-vtor-del/

 

 

3.angeli.so.truba

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная