Проф. д-р Ратомир Грозданоски: ПРОЧКА – НЕДЕЛА СИРОПУСНА – ПРОШТАЛНА НЕДЕЛА

Ако, таква проштална љубов покажуваат христијаните на Прочка, тогаш се добри како светиите и праведниците, како Христос и Богородица. Проштевањето е безгранично и безусловно. Прочка е празник колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Таков е почеток на христијанското живеење. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов.












Вие се занимавате со добротворна дејност. Господ нека ви помогне. Тоа е многу тешка и вознемирувачка работа, иако секогаш следена со длабока утеха. За некоја боја велат дека таа толку длабоко и цврсто влегува во материјалот кој се обојува, што останува засекогаш на него... Така и доброчинството ја обојува душата!..

Даровите кои отец Серафим ги стекнал со долготрајното и значајно подвижништво, со долгото пустинство и со строгото затвореништво, не се појавиле само преку поучување, наѕидување и раководење на ближните, преку упатување на патот на спасение, туку и во големата проникливост и помош кон сите, кои барајќи исцеление од разни телесни и душевни болести, му се обраќале со топла вера во Бога и со искрено смирение.
Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
























