СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА
Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот. Денес целото зло се вселило во телото на човекот, за да го истера Бога од таму. Денес целиот пекол се преселил на земјата. Дали некој се сеќава, дека земјата некогаш беше рај?