логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

     Bigorski.Erusalimski.v

Пресветата Владичица наша Богородица, Мајката на Светлината, преку Која ни доаѓа секој дар одозгора, ја возрадува нашата Свештена Обител со еден свој исклучителен благослов. Имено, во текот на вчерашното неделно воскресенскo пладне, Бигорскиот Манастир се исполни со радост заради пристигнувањето на Високопреосвештениот Митрополит Еленополски г. Јоаким од Ерусалимската Патријаршија, Игумен на Светата Гетсиманија, каде што се наоѓа Свештениот Гроб на Пресвета Богородица, придружуван од светогорскиот старец Давид од Келијата на Светиот Крст. Нивната посета ја примивме како благослов од Царицата Небесна, која од нејзиното најсвето место на Земјата ни го испрати овој Христов архиереј меѓу нас.

              За нас, Владика Јоаким не е непозната и случајна личност. Во 2022 година, при поклонението на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со дел од братството во Светиот Град Ерусалим, тој беше првиот кој, според Божјата семилосрдна промисла, нè пресретна во Светиот Храмот на Воскресението. Со неговата добросрдечна насмевка и широчина, дедо Јоаким ни ја отвори вратата од Сечесниот Гроб на Мајката Божја, каде што нè удостои да сослужуваме со него на таа возвишена и незаборавна Божествена Литургија. Тој прв нè покани во Гетсиманија, во светилиштето каде што се излеваат неискажливите благости и духовни дарови на Богомајката, каде што земјата мириса на светост и каде што најсилно се доживува нејзиното таинствено присуство. Затоа, неговото доаѓање кај нас не беше само една обична посета, туку поскоро една жива поврзаност, продолжение на таа благодатна врска што Богородица ја воспостави меѓу нас.

Пречекот на нашиот ценет гостин беше достоинствен, како што доликува според манастирскиот ред: свечено иподохи, милозвучно биење на камбаните и топли молитви што се издигаа како благопријатен темјан кон Небесата.

           Игуменот на Манастирот, нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со срдечно слово го поздрави Владиката, нагласувајќи ја нашата длабока благодарност за неговата љубов и за почитта што ја има кон нашата Обител:

Bigorski.Erusalimski.v1

„Почитуван и возљубен во Христа брате и сослужителу, Високопреосвештен Митрополите г. Јоакиме,

Возљубени браќа и сестри,

Посетата на нашиот драг брат во Христа, Митрополитот г. Јоаким, старешина на храмот на Сечесниот Гроб на Пресветата Богородица во Светата Гетсиманија, за нас не е обична посета, туку, пред сè, огромен благослов од Пресветата Владичица наша Богородица. Оваа посета нè враќа на нашата прва заедничка средба со Светиот Еленополски во Светиот Град Ерусалим, наскоро по канонското признавање на нашата Света Црква од страна на Вселенската Патријаршија во 2022 година.

Таа средба беше навистина многу значајна за нас и исполнета со Божја промисла. Во моментите на молитва и поклонение на најсветите места на Земјата, го почувствувавме благословот и љубовта на Мајката Божја. Првата црковна личност, клирик што го сретнавме при нашето поклонение беше токму Митрополитот г. Јоаким, и тоа во навечерието на споменот на Светите праведни Богоотци Јоаким и Ана, односно на неговиот именден.

      По милоста на Богородица, бевме поканети од страна на Владиката да сослужуваме со него во Сечесниот Гроб на Мајката Господова во Гетсиманија – место што за секој православен Христијанин е извор на неискажлива благодат. Таму се оствари една наша голема и дамнешна животна желба: да служиме во храмот каде што лежело нејзиното пречисто тело. Потоа, благословот од Царицата Мајка продолжи и во наредните денови од нашето поклонение, па го поминавме и Голготскиот пат, служевме на Страшната Голгота, па на најсветото место на Земјата – Сесветиот Гроб Господов и најпосле, за празникот Крстовден и во Светиот храм на Христовото Воскресение. Навистина, Пречистата ни отвори многу врати на Светите Места. Тогаш беше тоа за нас една вистинска средба со соборноста на Црквата.

Митрополитот г. Јоаким се покажа како вистински брат во Христа, како владика со широка душа, со отворено срце, исполнето со љубов и гостољубие. Неговото духовно благородство остави длабок впечаток во нас; тој со срдечно настроение и готовност брзаше да ни излезе во пресрет за нашите потреби.

Денеска, пак, благодарение на Божјата милост, Митрополитот г. Јоаким е лично присутен меѓу нас. Неговото присуство овде е уште еден голем благослов од Богородица, бидејќи тој како Игумен на Светата Гетсиманија е постојано покрај нејзиниот Сечесен Гроб, молејќи се оттаму за целиот свет.

              Сега, би сакале да ја изразиме својата голема и света благодарност кон Мајката наша Богородица, со еден скромен подарок за Нејзиното најголемо Светилиште. Имено, уште при нашето сослужение во Гетсиманија, посакавме и се ветивме да даруваме три сребрени кандила за Светиот Гроб на Мајката на животот, како што е древен обичај таму. Меѓутоа, поради несреќните околности со војната во Светата Земја, немавме можност да ги однесеме или да ги пратиме овие кандила. Но, еве, денеска, според Божјата неиспитлива промисла, Богодорица нè удостојува да му ги предадеме лично на нејзиниот верен и добар слуга и работник, Игуменот на Светата Гетсиманија, Високопреосвештениот Митрополит г. Јоаким. Овие сребрени кандила со позлата, обележани и со иницијалите на Сесветиот Гроб Христов, односно со логото на знамето на Божигропското Братство на Ерусалимската Патријаршија, се нашиот мал прилог на благодарност за преголемата Светиња на Пресвета Богородица.

Возљубени, сесрдно му благодариме на Митрополитот г. Јоаким за неговата искрена љубов и молитви. Го замолуваме да продолжи да се моли за нашето братство, за нашата Црква, за нашата Татковина и за сите нас, бидејќи неговото постојано присуство покрај Сечесниот Гроб на Пречистата е извор на голема благослов.

Ѝ благодариме на Пресветата Владичица наша за овој благословен миг, потсетувајќи се дека сите дарови доаѓаат преку Неа. Нека Нејзината милост нè води и закрилува на патот на подвигот за спасение. Амин“.

         Во своето возвратно обраќање, Митрополитот г. Јоаким, познат по своето смирение и монахољубие, изрази искрена радост што се наоѓа меѓу нас, потврдувајќи ја својата голема почит кон трудовите на нашиот Старец и подвизите на нашата монашка заедница:

             „Преосвештен и свет брате,

          Му благодарам на Светиот Бог, Кој ги патеводеше моите чекори денеска кон оваа прекрасна духовна палата, кон овој прекрасен Манастир на чесниот и славен Пророк Претеча и Крстител Јован.

Знаете, на поклоничките места на Пресвета Богородица, кога времињата се добри и немаме војни и други природни катастрофи, примаме илјадници поклоници: многу монаси, многу свештеници, многу архиереи го посетуваат Гробот на Пресвета Богородица– најсветото место што постои во светот посветено на Мајката Божја. Сите ги сакаме и сите ги пречекуваме како што треба, со голема љубов, затоа што сме слуги на Богородица. Меѓутоа, кога дојде светиот брат, светиот Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, со уште неколку отци во нашиот Манастир, на поклонение кај Богородица, почувствував нешто различно. Кога имаме работа со многу луѓе, а се занимаваме и со светата тајна исповед, препознаваме кога во некоја личност пребива Божјата благодат. Поради тоа, почувствував како да сум домашен со светиот Игумен и со отците што го придружуваа. Затоа, иако познавам многу луѓе поклоници што имаат дојдено, клирици, и археиреи, никогаш не сум ги посетил. Малку тешко се наканувам за посети надвор. Но, овде дојдов со голема радост. Иако имав само малку денови на располагање во Грција, за да посетам некои лекари, одвоив два дена: еден, за да дојдам и да се вратам и друг, за да останам со Вас овде во Манастирот, за да Ве видам одблизу. Чувствувам како да си дојдов дома. Воопшто не се чувствувам странец.

           За Вашето пастирско дело, свет брате, потполно сум сигурен дека е благословено и плодоносно. За тоа сведочи и братството овде во Манастирот, сведочат и сестринствата од женските манастири, а сведочи и присуството на толкуте многу поклоници, долго по завршувањето на Божествената Евхаристија. Тоа значи дека Ве сакаат и не сакаат лесно да се разделат од Вас.

             Ние монасите, но и верниците Христијани, сме научени на искушенија. Целиот наш живот е постојана борба помеѓу доброто и злото. Подготвени сме да се соочиме со искушенијата. Од срце посакувам Господ сите да нѐ држи исправени кога имаме жалости, притесненија, бидејќи единствената надеж во животот на Христијанинот, особено на монасите, но и на сите верници, е милоста Божја и благодатта на Пресвета Богородица.

Тоа што имам да кажам е да Ви ја пренесам благодатта од Сесветиот Гроб и благословот на Пресветата наша Богородица, од местото каде што се изврши целата тајна на Божествениот домострој. И посакувам и се молам, кога Бог ќе дозволи, малку по малку, сега кога се чини дека војната завршува, да се удостоите, пред сѐ, да дојдете да сослужуваме таму долу. Да донесете колку што можете повеќе, и од отците и од сестрите, и од луѓето кои ќе сакаат да Ве последуваат. Со голема радост ќе Ве чекаме да Ве примиме, да Ве угостиме и ќе се радуваме да го имаме благословот да сослужуваме на светите поклонички места во Светата Земја.

 Bigorski.Erusalimski.v2

За крај, сакам да Ви се заблагодарам за даровите на Вашата љубов, кои се дарови за Пресветата наша Богородица и од срце посакувам Бог да ви возврати илјадакратно.

           Дозволете ми да кажам уште збор-два, иако не сакам да допирам такви теми. Дозволете ми да кажам збор-два за Црквата овде, за Вашата канонска Црква, која, навистина, кога првпат дојдовте, од православниот свет сè уште беше сметана за расколничка црква. Бог конечно погледна, за да се реши овој неправеден проблем што постоеше во Православието, оваа рана. Знаете, овие прашања се од поново време и години. Кога го имаме зборот „православен“ во нашиот идентитет, тоа кажува сѐ. Не е важно дали потекнувате одовде, дали ние потекнуваме од Грција, или дали сме Арапи. Апостолот Павле многу добро вели: Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сè и во сè е Христос (Колос. 3,11). Сите ние сме обединети во името Христово. Кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови, ние сме православни и сме браќа, бидејќи кога ја примаме Крвта Христова во нас, сите ние стануваме браќа. И овие работи мора конечно да престанат во Православието, бидејќи доволно пострада Телото Христово од различните поделби. Сега сме едно и така можеме да имаме општење и да престанат соблазните и расколите на Црквите. Сакав со многу љубов да Ви ги исповедам овие работи, бидејќи навистина страдаме кога во Црквата има поделби.

Бог да е со нас! Многу Ви благодарам за пречекот“.

           Посетата на почитуваните гости беше и срдечна и братска. Високопреосвештениот г. Јоаким, со својата присност и срдечност, веднаш ги освои срцата на браќата монаси, кои го пречекаа како посебен дар од Мајката Божја. Нивното заедничко дружење, разговорите за монашкиот живот и сведоштвата за чудата на Пресвета Богородица и за благодатта на Светиот Оган беа потврда дека духовите на Гетсиманија и на Бигорски се поврзуваат преку една света и нераскинлива врска. А присуството на отец Давид, кој доаѓа од Градината на Пресвета Богородица, ја надополни оваа духовна радост и благослов.

Во знак на почит и љубов, Митрополитот г. Јоаким му подари на нашиот Старец прекрасен комплет архиерејски енколпии со ликовите на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица, како симбол на духовната врска меѓу Гетсиманија и нашата Обител. Тој дар беше не само знак на љубов и пријателство, туку и живо сведоштво дека Пресветата Богородица, низ вековите и просторот, ги обединува сите кои со љубов и со чисто срце ја сакаат и ја слават.

            Оваа посета беше сведоштво за тоа како светите места на Христовото присуство и подвизите на Пресвета Богородица не се ограничени само на одреден географски простор, туку ги премостуваат границите на земното, соединувајќи ги срцата на верните во единство на надежта и на љубовта. Преку Митрополитот г. Јоаким и светогорскиот отец Давид, Богородица како да ѝ кажа на нашата Обител: „Јас сум со вас, сè додека вашиот труд и подвизи се за Мојот Син и за Неговото Царство“.

Со молитви и благослови во срцата, ги испративме нашите мили гости, молејќи се за нивно здравје и долговечност, за нивното натамошно служење на Црквата Божја и за нивното сведоштво за љубовта на Мајката Божја. Нека Пресветата Богородица ги води и укрепува на нивниот пат, а нејзината милост нека ги озарува сите кои ќе го поминат прагот на Светата Гетсиманија!

 

https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/ipodohi-na-igumenot-na-getsimanija-od-erusalim-mitropolit-joakim/

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная