Поуки на свети Антониј Велики- 2 (30.01.2024)
Не е убаво да мислиме дека на Бога Му е добро или лошо поради човечките дела. Бог е добар и го прави само тоа што е добро, на никого не му прави ништо лошо, останувајќи секогаш ист и неизменлив, а ние кога сме добри, тогаш општиме со Него, како слични со Него, а кога сме лоши, поради нашата разлика со Него, се одделуваме и оддалечуваме од Него.