Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (24.01.2016)
Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание).