На 04.06.2016 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во катедралниот храм "Света Софија" во Охрид, учествуваше во соборното прославување на споменот од 1000-годишнината од упокојувањето на светиот Јован Владимир. Ова духовно торжество започна со света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ, како и на повеќемина свештенослужители од епархиите во Р. Македонија и дијаспората. По Литургијата, беше промовирана книгата за свети Јован Владимир, која го содржи неговото житие, службата, акатистот (прв досега напишан за овој светител), како и научен текст за иконите и фреските на овој маченик за верата низ православниот простор. Книгата е во издание на САС на МПЦ.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија
Друго: