На 03.06.2016 година кога црквата го празнува споменот на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше света Златоустова литургија во сослужение со свештениците од Тетовското архиерејско намсништво, протоереј Жарко Мицевски и ереј Марјанчо Мадески во Лешочкиот Манастир, истиот ден митрополитот во селото Вратница во храмот на Свтите цар Константин и царица Елена освети вода и ги благослови кумските лебови.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија