Чуму ни е постот пред Успение?
Постењето има за цел да нè поучи, да сфатиме дека „само едно нешто е потребно“. Постењето ни помага Бога да Го ставиме на прво, а нашите желби на второ место, ако не и на последно. Како такво, тоа нè подготвува да станеме лири на Божјата волја, слично на Мојсеевиот пост, но и оној на Спасителот.Постот нè одвраќа од себеси и нè свртува кон Бога. Во суштина, ни помага да ѝ се уподобиме на Богородица, слугинката Божја, која Го слушнала Неговото слово и го пазела подобро од било кој друг.