логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Man.Zurce.sv.Jovan.jpg

св. Јован Крстител, с. Слепче

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Man.Zurce.jpg

св. Атанасиј Велики, с. Журче


 (извадок)

Православното учење
за Ангелите

Од зборовите на Самиот Христос знаеме дека душата во моментот на смртта ја пресретнуваат Ангели: ,,А кога умре сиромавиот, го однесоа Ангелите во Авраамовото крило” (Лк. 16, 22).

Исто така, од Евангелието знаеме во каков облик се појавувале Ангелите: ,,А неговото лице (на Ангелот) беше како молња и неговата облека бела како снег” (Мат. 28,3); „момче облечено во бела облека” (Марко 16, 5); „двајца во блескава облека” (Лука 24, 4); „двајца Ангела во бело” (Јован. 20,12). Во текот на целата христијанска историја Ангелите секогаш се јавувале во облик на момче облечено во бело. Иконографската традиција на претставување на Ангелите низ вековите, исто така била во склад со тоа и секогаш ги претставувала како блескави момчиња (често со две крилја, кои секако се само симболичен детал, бидејќи обично во моментот на јавувањето на Ангелот - него не го гледаат). Седмиот Вселенски Собор во 787 г. донел
одлука дека Ангелите можат да се изобразуваат само на овој начин, во човечки облик. Западните ,,купидони” на ренесансата и понатамошните периоди се создале под влијание на паганството и немаат ништо заедничко со вистинските Ангели.

Современиот римокатолички (и протестантски) Запад многу се оддалечил од библиското учење и раното христијанско предание во поглед за претставувањето на Ангелите, а уште повеќе во поглед на самото учење за духовните битија. Разбирањето на оваа грешка е од суштинско значење за нас ако сакаме да сфатиме какво е вистинското православно учење за судбината на душата после смртта.

Светиот епископ Игнатие Брјанчанинов (починал 1867), еден од големите Отци од блиското минато, ја забележа оваа грешка и посветил цел том од своите собрани дела за изложување на православното учење по тоа прашање. Критикувајќи го гледиштето изразено во класичното римокатоличко богословско дело од 19 век (Опат Берже ,,Богословски речник”), Св. епископ Игнатие посветува голем дел од тој том (стр. 185 - 302) на борбата со современата идеја (заснована на Декартовата философија), дека с# што е надвор од царството на материјата припаѓа на царството на ,,чистиот дух”. Ваквата мисла во суштина го става бесконечниот Бог во исто рамниште со разните конечни духови (ангелите, демоните, душите на починатите). Оваа мисла широко е распростанета особено во денешно време (макаршто нејзините застапници и не ги гледаат сите нејзини последици) и во многу ја објаснува заблудата на современиот свет во поглед на ,,духовните” работи: големо интересирање владее за сe што не припаѓа на материјалниот свет, но често, речиси и не се прави разлика меѓу Божественото, ангелското, демонското и она што е последица на необичните човечки моќи или на вообразбата.

Опат Берже учел дека Ангелите, демоните и душите на починатите се ,,чисто духовни”; тоа значи дека тие не подлегнуваат на законите на времето и просторот и дека ние за нивниот ,,облик” или ,,движење” можеме да зборуваме само метафорично, зашто ,,тие мораат да се облечат во фино тело кога Бог ќе им дозволи да делуваат на други тела” (Св. еп. Игнатие, т. 3, стр. 193 - 5). Дури и едно, инаку навистина добро римокатоличко дело од 20 век, посветено на современиот спиритизам, го повторува тоа погрешно учење, тврдејќи, на пример, дека и ангелите и демоните ,,можат (за да станат видливи на луѓето) да позајмат  за свое тело која било материја од пониската природа, било жива или нежива” (Блекмур  ,,Факти и измами во спиритизмот”). Самите спиритисти и окултисти ја презеле оваа идеја од модерната филозофија. И еден таков апологет на
натприродното христијанство каков што е Ц.С. Луис (англи-
канец), правилно ја критикува современата ,,претстава за небесата како за некаква состојба на умот”, но изгледа дека и тој, барем делумно, го прифатил модерното сфаќање „дека телото, неговото место, движењето и времето
сега за најголемите постигнувања на духовниот живот како и да не постојат” (Ц.С. Луис, ,,Чуда”, Њујорк, 1967). Ваквите гледишта се резултат на прераното упростено сфаќање за духовната реалност до што се дошло под влијание на модерниот материјализам, а поради оддалечувањето од вистинското христијанско учење и духовното искуство.

За да се сфати православното учење за Ангелите и другите духови, треба најпрво да се заборави премногу упростената современа дихотомија меѓу материјата и духот: вистината е посложена и во исто време и толку едноставна, што оној кој е способен да верува во неа веројатно многумина ќе го сметаат за ,,наивен буквалист”. Светиот епископ Игнатие пишува: ,,Кога Бог на човекот ќе му ги отвори (духовните) очи, тој е во состојба да ги види духовите во нивниот сопствен облик” (стр.227). Исто така, ,,од Светото
Писмо сосема е јасно дека душата на човекот го има обликот на човек во неговото тело, како и другите создадени духови” (стр. 233). Тој цитира многубројни светоотечки текстови за да го докаже ова. Да се обратиме сега и ние на светоотечкото учење.

Свети Василиј Велики, во книгата за Светиот Дух тврди дека ,,во небесните сили нивната природа ја прави воздушестиот дух, ако може така да се каже, или невештествениот оган (нематеријалниот). Затоа тие се ограничени со местото и стануваат видливи, јавувајќи им се на Светиите во обликот на своето сопствено тело”. Повторно, ,,ние вруваме дека секоја (од небесните сили) се наоѓа на одредено место. Бидејќи Ангелот кој се појавил пред Корнилиј не бил во исто време и со Филип (Дела 10,3;  8,26); и Ангелот кој разговарал со Захарија близу до ,,кадилниот олтар” (Лука 1,11) не се наоѓал во исто време и на своето место на небесата (гл. 16,23 и стр. 608,602).

Слично учи и Свети Григорие Богослов: ,,Второстепени, по Троица светлости, кои ја имаат царската слава, се блескавите невидливи Ангели. Тие слободно се движаат околу Престолот, бидејќи се брзодвижечки духови, оган и Божествени духови кои брзо се движаат низ воздухот” (Беседа 6 ,,За духовните битија”).

Така  Ангелите, иако се ,,духови” и ,,огнен пламен” (Псал. 103,5; Евр. 1,7), престојуваат во областа кадешто земните закони на времето и просторот не важат, сепак се ограничени со времето и просторот и дејствуваат на толку ,,материјален” начин (ако така смееме да кажеме), што некои Отци без двоумење зборуваат за ,,воздушните” (етерични) тела на Ангелите.

Преподобниот Јован Дамаскин, сумирајќи го во 8 век учењето на Светите Отци, своите претходници, вели: ,,Ангелот е битие обдарено со ум, секогаш во движење, кое поседува слободна волја и Му служи на Бога, бестелесно по благодат, добивајќи како своја природа бесмртност, а на тоа битие обликот и својствата му ги знае само Творецот. Ангелите се нарекуваат бестелесни и невештествени во споредба со нас, бидејќи во споредба со Бога Кој е Единствениот Неспоредлив, тие се покажуваат и груби и вештествени, зашто само Божеството е навистина невештествено и бестелесно”. И понатаму тој вели: ,,Тие можат да се опишат, бидејќи кога се наоѓаат на небесата, тогаш не се на земјата, а кога Бог ќе ги испрати на земјата, тие не остануваат на небесата - но не се ограничени од ѕидови и врати, ниту пак од резиња и печати, бидејќи за нив законите на природата не се пречка. Слободни се од законот на природата затоа што на оние коишто се достојни и на кои Бог сака тие да им се покажат, Ангелите не се покажуваат такви какви што се навистина, туку во оној изменет облик во кој луѓето можат да ги видат” (,,Точно изложување на православната вера”,ИИ,3).

Зборувајќи дека Ангелите се јавуваат ,,не такви какви што навистина се” преподобен Јован Дамаскин секако не се спротивставува на Свети Василиј Велики кој учи дека ангелите се појавуваат ,,во облик на своите сопствени тела”. Двата исказа, се точни што може да се види од многуброј-ните описи за јавување на Ангелите во Стариот Завет. Така Свети  Архангел Рафаил бил неколку недели сопатник на Товиј и никој воопшто не се сомневал дека тој не е човек. А кога на крајот се разоткрил, Архангелот им рекол: ,,Сите овие денови бев видлив за вас; но ниту јадев ниту пиев - тоа само ви се причинуваше” (Товиј 12,19). Трите Ангела кои му се јавија на Авраам, исто така изгледале како луѓе и се чинело како да јадат (1 Мој.18 и 19 гл.).

На сличен начин Свети Кирил Ерусалимски во своите ,,Катихетски беседи” н# поучува во врска со Ангелот кој му се јавил на пророкот Данило: ,,Кога го виде Ангелот Гаврил, Даниил се преплаши и падна ничкум, и макар што беше пророк не се осмели да му одговори додека Ангелот не зеде на себе облик на син човечки” (,,Катихетски беседи”, ИЏ, 1). Сепак, во Данииловата книга (гл.10) читаме дека и при првото заслепувачко појавување на
Ангелот имал човечко обличје, но толку блескаво (,,лицето му било како молња, очите - како два топли пламена; рацете и нозете - како блескава бронза”), што тоа било неиздржливо за човечки очи. Значи, Ангелот по надворешниот изглед е ист како и човекот, но бидејќи неговото ,,тело” не е материјално и самиот поглед на неговата огненоблескава појава може да исплаши секого кој сe уште престојува во тело на човек. Затоа, јавувањата
на Ангелите мораат да бидат приспособени на луѓето коишто ги гледаат така што ќе им се покажат помалку блескави и заплашувачки отколку навистина што се.

Што се однесува до човековата душа, блажениот Августин учи дека кога душата ќе го напушти телото ,,самиот човек кој  се наоѓа во таа состојба се гледа себеси, иако само во дух, а не во тело, толку слично на своето сопствено тело, што воопшто не може да забележи  каква било разлика” (,,Божји град”, кн. ЏЏИ, 10). Таа вистина неброено пати е потврдена и преку лични искуства на илјади луѓе вратени од смртта во живот во ова наше време.

Но, кога зборуваме за ,,телата” на Ангелите и другите духови, мораме да внимаваме да не им припишеме какви било груби материјални карактеристики. Во секој случај, како што учи преподобниот Јован Дамаскин, ,,на ова битие обликот и својствата му ги знае само Творецот”. На Запад, блажениот Августин пишувал дека е потполно сеедно дали ќе кажеме ,,воздушести тела” на демоните и на другите духови, или ќе ги наречеме ,,бестелесни” (,,Божји град”, ЏЏИ, 10).

Самиот Свети епископ Игнатие можеби бил повеќе заинтересиран да ги објасни ангелските ,,тела” врз основа на научните созданија од 19 век во областа на гасовите. Тоа предизвикало мал спор меѓу него и Светиот еп. Теофан Затворник, кој сметал за неопходно да ја нагласи простата, несложена природа на духовите (тие, секако, не се состојат од молекули на хемиски елементи како што е случајот со гасовите). Сепак, во основното прашање за постоењето на ,,фина навлака” која ја поседуваат сите духови, тој се согласил со Светиот епископ Игнатие (види о. Георгие Флоровски ,,Патишта на руското богословие”, стр. 394-5). Можеби, сличното неразбирање во прашањата од второ-степена важност или во чисто терминолошките прашања довело во 5 век на Запад до отпор кон сличното учење на латинскиот отец, Свети Фауст Лерински, кој исто така го застапувал сфаќањето за релативната ,,материјалност” на душата, заснована врз учењата од Источните Отци.

Ако вистинските својства на Ангелската природа ги знае само Бог, дејстувањето на Ангелот (барем во овој свет) секој може да го разбере, бидејќи за тоа постојат многу сведоштва, како во Светото Писмо и светоотечката литература така и во житијата на Светиите. За во целосност да ги разбереме виденијата на духовните битија кои ги доживуваат луѓето коишто умираат, ние особено мораме да знаеме како се јавуваат паднатите ангели (демоните). Вистинските Ангели секогаш се јавуваат во својот вистински облик (само не така заслепувачки како што всушност се) и дејствуваат само да ја исполнат волјата и заповедта Божја. Паднатите ангели, иако понекогаш се јавуваат во својот вистински облик (Свети Серафим Саровски на основа на сопствено искуство ги опишува како ,,одвратни”), сепак, обично земаат друг облик и прават многу ,,чуда” со власта која ја добиваат покорувајќи се ,,на кнезот кој господари во воздухот” (Ефес. 2,2). Нивното место на живеење е - воздухот, а основна задача е да искушуваат или да заплашуваат луѓе, повлекувајќи ги со себе во пропаст. Христијаните, всушност, со нив се борат: ,,Нашата борба не е против крвта и телото, туку против поглаварствата и власта на господарот на темнината на овој свет, против духовите на злобата во поднебесјето” (Ефес. 6,12).

Во малку познатото дело ,,Демонско претскажу-вање”, кој го напишал како одговор на молбата да објасни некои од многубројните демонски јавувања во древниот пагански свет, тој дава добар општ поглед на дејствува-њето на демонот: ,,Природата на демоните е таква што тие со сетилата на забележување својствени на воздушестите тела ги надминуваат сетилата на забележување на земните тела. Исто така и во поглед на брзината, благодарејќи на исклучителната подвижност на нивните воздушести тела, тие се неспоредливо побрзи не само од луѓето и животните туку и од птиците. Обдарени со тие две способности кои се карактеристични за воздушестите тела, т.е. со префинето забележување и брзина на движење, тие претскажуваат и најавуваат многу работи за кои дознале многу порано. А тоа кај луѓето предизвикува восхитување, бидејќи нивното земно внимание е многу побавно. Покрај сето тоа, демо-ните во текот на своето долго живеење во многу работи стекнале богато искуство, какво луѓето во својот краток живот не можат да добијат. Со помош на овие способности кои се својствени на природата на воздушестите тела, демоните не само што претскажуваат многу случки, туку и прават многу ,,чуда” (,,Демонско претскажување” гл. 3).
Многу демонски ,,чуда” и јавувања се опишани во долгата беседа на Свети Антониј Велики која Свети Атанасиј ја вклучил во неговото житие. Тука уште се спомнуваат и ,,лесните тела” на демоните (гл. 11). Во житието на Свети Кипријан, поранешен маг (бајач), исто така има многубројни описи на демонски ,,чуда” и трансформации за кои кажувале непосредните учесници во тие случки.

Класичен опис на демонско дејствување е даден во седмата и осмата беседа на Свети Јован Касијан, големиот галски отец на 5 век, кој прв му го предал на Западот целосното учење од источното монаштво. Свети Касијан пишува: ,,Ова воздушно простанство меѓу земјата и небото е преполнето со зли духови кои летаат по него, ширејќи неред со пакосна цел, но заради наша корист Божествената Промисла ги сокри и ги оддалечи од нашите погледи. Во спротивно, поради страв од нивните напади или страшни облици во кои можат да се преиначат и да се претворат кога и да посакаат, луѓето би умреле од неподнослив ужас…”

А дека нечистите духови се управуваат со уште помоќните зли сили, покрај оние сведоштва од Светото Писмо кои ги наоѓаме во Евангелието кога Господ одговара на клеветата на фарисејот: „А ако Јас со помош на Велзевул ги изгонувам демоните…” (Мат. 12,27), нe учат и виденијата и богатото искуство на светите луѓе.

,,Кога еден од нашите браќа патувал преку оваа пустина, наишол на една пештера. Бидејќи веќе паднала ноќ, посакал во неа да ги прочита вечерните молитви. Додека по обичај пеел псалми, веќе поминала ноќта. Завршувајќи го молитвеното правило, легнал да го одмори измореното тело и одеднаш здогледал неброено мноштво демони кои се собрале доаѓајќи од сите страни; поминувале во бесконечни колони, одејќи едните напред, а другите зад својот старешина. На крајот дошол и нивниот кнез, кој бил и поголем и пострашен во изгледот од другите демони. Откако му поставиле престол, тој седнал на возвишеното судиско место и почнал внимателно да го испитува работењето на секој демон посебно. Оние кои кажале дека сe уште не успеале да ги наведат своите противници во искушение, тој со кавги и пцости ги бркал од себе како мрзливи и негрижливи, бесно викајќи на нив дека толку труд и време поминале бадијала. А оние кои ќе кажеле дека успеале да го наведат својот противник во искушение, тој ги отпуштал со големи пофалби, со бурно, радосно извикување и одобрување од сите, како најхрабри војници кои треба на сите да им послужат за пример. Тогаш истапил еден демон, најлош од сите, и со злорадост ја соопшти како блескава победа, веста дека на крајот, по петнаесет години непрекинато искушение, го совладал еден познат монах (кое име го кажал) и оваа ноќ го навел на блуд… На тоа сите демони силно се зарадувале, а тој заминал испратен од својот кнез со најголеми пофалби и славопеења. Со првите зраци на сонцето сето ова мноштво демони исчезнало пред неговите очи”. Подоцна братот којшто ја следел оваа
сцена дознал дека извештајот за паднатиот монах бил точен. (,,Разговори”, гл. 8,12,16).

Слични искуства православните христијани имале сe до оваа столетие. Тоа секако не се ниту сни, ниту визии, туку искуства доживеани во будна состојба, средба со демоните во нивниот вистински облик; секако ова се случува откако на таа личност претходно  и се отворени духовните очи да гледа битија кои инаку за човечките очи се невидливи.

Сe до неодамна, можеби само неколку ,,старомодни” или ,,наивни” православни христијани би можеле да пове-руваат дека сите овие сведоштва се ,,жива вистина”, а дури и сега некои православни христијани тешко можат да ги прифатат - толкаво влијание извршило модерното верување дека Ангелите и демоните се ,,чисти духови” кои не дејствуваат на така ,,видлив” начин. Откако демонската активност во последните години исклучително се зголеми, овие кажувања повторно почнаа на луѓето да им изгледаат, ако ништо друго, тогаш барем - веројатни. Сега исто така бројните ,,посмртни” искуства на многу обични луѓе кои немале допир со окултните проблеми им ја отвори областа на невидливата реалност. Затоа стана неопходна потребата на сегашното време јасно и вистинско да се објасни оваа (невидлива) област и битијата кои ја населуваат. А такво објаснување може да даде само православното христијанство, кое сe до сега го сочувало изворното христијанско учење.

(Продолжува)

Korica.S.Rouz.jpg

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная