Акатист кон Пресвета Богородица, храм на св.Петка, Скопје (27.02.2015)

На 27- ми февруари 2014 година, во првата недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на преподобен Авксентиј , во храмот на св. Петка, во Скопје, старешината на храмот, отец Томе Велјановски во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и првиот Акатист кон Пресвета Богородица.











Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.



































