Архиерејска Божествена Литургија во Прилеп (20.11.2016 )

На 20.11.2016 година, во 22-та Недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, игуменот Григориј Настески и свештениците од црквата Св. Кирил и Методиј (параклис), отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






На 02.12.2016 година (петок), од 10,30 часот, во храмот на св. Петка, гостин ќе биде професорот на Теолошкиот факултет м-р Петко Златески. 



Црквата, основана на Педесетница, во било кој момент од векторот за нејзиното постоење кој е во континуитет на движење до есхатонот, ја има истата благодат на Светиот Дух, нема ништо помалку од тоа што ималa тогаш, па дури и нејзината цел е иста да го доближи народот до Христа и Христа до народот.
- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.





































