10 / 23 ноември 2016 лето ГосподовоБугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит Неофит, ја изрази својата поддршка на иницијативата „Мајка, татко и деца“, која инсистира на единствената дефиниција за бракот и семејството во Европската унија: брак помеѓу еден маж и една жена, а градењето на семејството да се темели врз бракот или потомството.
Според мислењето на организаторите на иницијативата „Мајка, татко и деца“, која започна во Унгарија, Словачка, Полска, Хрватска, Шведска, Франција, Португалија и Германија, таа „им дава право на граѓаните да одговорат на прекумерниот притисок од страна на Брисел во врска со редефинирањето на бракот, а кој во последните неколку години значително се зголеми“.
Меѓу другото, беше прочитана и изјавата на заменик претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, во која тој ги повикува сите земји членки за Унијата да ги легализираат хомосексуалните „бракови“.
Во писмото на Патријархот Неофит се вели дека Православната Црква, „која е чувар на традиционалниот брак, семејството и децата, ја поддржува иницијативата ’Мајка, татко и деца‘, како и неопходноста да се заштити правото на секоја држава - член на Европската унија, во определувањето на својата политика во сферата на бракот и семејството“. Целта на иницијативата е да собере поддршка од 1 милион граѓани на Европската унија до 10 декември, но до сега, оваа иницијатива собрала само речиси една третина од потребните потписи. Доколку иницијативата биде успешна, предлогот ќе биде разгледан од Европската комисија.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир