ИЗГУБЕНИТЕ РАДОСТИ НА ДЕЦАТА КОИ СЕ ОСТАВЕНИ НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ТЕХНОЛОГИИТЕ
Постои една ваква приказна. Живееел некогаш некој имотен човек, кој можел да купи се на децата, што сакаат (колку грешиме и ние денес, што на децата им даваме сè на готово: телефони, кола, дом; и тие веќе не се учат да го ценат тоа и не распознаваат дека радоста е од трудот). Тој богаташ го испратил синот во едно пусто место, кај што имал земја, за да направи околу неа ограда.