Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот
На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот – Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе помилуј ме, грешниот“, всушност, е барање милост, а не правда. Ако си толку смел, што не бараш од Бог да биде праведен кон тебе, а не милостив!? Гледате како Господ со два примери ни го покажува на наједноставен начин сето ова што ви го кажав.