Старецот Јосиф: За големата ревност на послушникот Харалампие
Отпрвин, како човечко суштество, ме фати страв и си реков: Отецу, зошто ли ме прати овде? Зарем е ова рај? Да, ова е пекол, а не рај. Ќе видам како би можел овде подобро да се сместам, за да го исполнам правилото, додека Старецот не ме викне да се симнам. Ако тој така нареди, нема да се повлечам дури и да умрам: ако Старецот не ме повика назад, нема да се вратам. Подобро да се умре за послушание, отколку да се дезертира".
Така започнувам да го извршувам правилото.