Состојки:
- 1 килограм свеж спанаќ
- 300 грама ориз
- сол, бибер
- сескан лист од омагдонос
- малку масло и малку брашно
Начин на приготвување:
Спанаќот добро да се измие и да се обари. Кога ќе се олади исецкајте го, а за тоа време сварете го оризот и исцедете го. Соединете ги оризот и спанаќот, додадете сол, бибер, ситно сецкан магдонос. Доколку смесата е ретка додадете малку презла или брашно. Правете мали шницли и протркалајте ги во брашно, потоа пржете ги на масло додека не поруменат од едната и од другата страна.