Преподобен Серафим Саровски
Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци.
Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година.
Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше,
самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.


Денес, на празникот на свети Василиј Велики, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“,
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња. Оваа година на забавата со своето присуство не почести и министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи.
Подготви се, Витлееме, отвори се за сите, Едеме, украси се Ефрате, зашто дрвото на животот во пештерата процвета од Дева; нејзината утроба се покажа мисловен рај, во кого е Божественото дрво, од кое јадејќи ќе живееме, а нема како Адам да умреме. Христос се раѓа, за да го обнови порано паднатиот образ.
Радувај се отче Игнатије богоносецу и чудотворче.
Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера,
Денес го прославуваме Божик, како и сите големи празници, за духовно да закрепнеме и духовно да се издигнеме, сеќавајќи се на големите настани од историјата на спасението. Црковните песнопенија на овој велелепен празник нè повикуваат со мислите да се пренесеме во онаа неповторлива ноќ во Витлеем, за да ги разбереме даровите од тој
Синоќа, во чест на светиот маченик Бонифациј, во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј во Струмица,
Најтешко е човек да си биде судија сам на себе, но сепак ќе речам дека словата се пишувани на јазик и со стил разбирлив за присутните. Нека ми биде и како исповед - секогаш, насекаде и за сѐ, сум се трудел на секоја тема, за секој повод или настан да објаснувам или опишувам со кратки, приемливи и сфатливи зборови за секого. Тоа сум го имал предвид за секое слово, зашто никаде и никогаш не ќе најдеме слушатели од иста возраст или слично образование, ниту на исто ниво во познавањето на верата и учењето на Црквата.
Денес, на празникот на свети Спиридон Чудотворец и преподобен Герман Алјаски, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
И овој т.н. втор дел од петтомната едиција на ова капитално дело е репрезент на современото македонско проповедништво и резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, на неговото архипастирско делување во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.Промотори на изданието беа академик Катица Ќулавкова и епископот Хераклејски г. Климент.
Понекогаш, оптоварени од сопствените проблеми, или световните грижи и не забележуваме ништо околу себе. Да бидеме искрени, ние своето внимание го насочуваме, првенствено кон себе а потоа кон останатите.. Токму затоа нашиот Спасител Господ Исус Христос ја поставил како голема и надежна заповедта: „Сакај ги своите ближни како самиот себе си“! Со тоа Тој ни наложува да не забораваме на проблемите и од нашите блиски. Значи, должни сме да земеме активно учество во разрешувањето и на нивните проблеми.

























